Скопје втор најевтин град во Европа

Bez autora
May 15 2014

Според листата која е базирана на истражувањето на „Кост оф ливинг индекс“ на Нумбео за 2014 година Скопје се наоѓа на второ место на листата на најевтините градови во Европа. Ова е листата на десетте најевтини големи градови во Европа. 1. Кишињев, Молдавија, главниот град на Молдавија е најевтиниот град во Европа. Киријата на еднособен стан во центарот чини 265 долари месечно, а во другите населби 165 долари. Вечера за двајца во ресторан чини 22 долари. Населението брои 800.600 лица. Има многу студенти и 33 универзитети, па за учењето во Кишињев чини околу 81 отсто помалку отколку во Париз. 2. Скопје, Македонија, ручек или вечера во ресторан чинат во просек 4,50 долари. Изнајмување еднособен стан излегува околу 325 долари месечно во центарот на градот, според Нумбео.

Скопје втор најевтин град во ЕвропаСпоред листата која е базирана на истражувањето на „Кост оф ливинг индекс“ на Нумбео за 2014 година Скопје се наоѓа на второ место на листата на најевтините градови во Европа.

Ова е листата на десетте најевтини големи градови во Европа.

1. Кишињев, Молдавија, главниот град на Молдавија е најевтиниот град во Европа. Киријата на еднособен стан во центарот чини 265 долари месечно, а во другите населби 165 долари. Вечера за двајца во ресторан чини 22 долари. Населението брои 800.600 лица. Има многу студенти и 33 универзитети, па за учењето во Кишињев чини околу 81 отсто помалку отколку во Париз.

2. Скопје, Македонија, ручек или вечера во ресторан чинат во просек 4,50 долари. Изнајмување еднособен стан излегува околу 325 долари месечно во центарот на градот, според Нумбео.

3. Киев, Украина, во моментов не е добро место за релокација. Не е изненадување дека украинската престолнина е на третото место во рангирањето. Изнајмување еднособен стан чини 330 долари. Платите се ниски – во просек 478 долари месечно, но и цените не се високи.

4. Софија, Бугарија, киријата на еднособен стан во центарот на градот е 380 долари. Во градот живеат 1,2 милиони лица. Шише вино чини 5 долари, а едно пиво е еден долар. Просечната плата е 603 долари месечно.

5. Минск, Белорусија, киријата за еднособен стан во центарот е 380 долари. Кутија цигари чини 2,71 долари. Единствениот минус е што времето е доста студено. Во лето е 18 Целзиусови степени, а просечната температура за јануари е минус 4,5 степени.

6. Тирана, Албанија, просечното изнајмување во централните делови е 380 долари за стан со една спална. Месечната карта за градски превоз чини 14 долари. Ручек во ресторан чини околу 7 долари. Тирана е од малите метрополи со 421.286 лица.

7. Букурешт, Романија е шестиот најголем град во Европа по население, по Париз, Лондон, Берлин, Мадрид и Рим. Во центарот на градот еднособен стан чини 440 долари месечно. Во ресторан средна класа вечера чини 6 долари. Карта за градскиот транспорт за месец чини 15 долари. Просечната плата на луѓето е 400 долари.

8. Сараево, Босна и Херцеговина, ниската цената на имотите се многу атрактивни, просечната цена на еднособен стан е 320 долари месечно во центарот и 185 долари во далечните населби.

9. Прага, Чешка еднособен стан чини во просек 617 долари, а во предградијата цените паѓаат до 440 долари. Ручекот во ресторан чини околу 5 долари, локалното пиво е 75 центи.

10. Варшава, Полска, храната е многу евтина, како и цигарите и алкохолот. Кутија цигари е 4,50 долари, што за западните стандарди е многу ниско. Изнајмувањето стан во центарот чини во просек 488 долари. Тоа е универзитетски град со околу 270.000 студенти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik